Skip to main content

Дајмлер најави производство на Мерцедес во Русија

Прва нова инвестиција на голем западен производител од воведувањето на санкциите

 |  инфодеск  | 

Германскиот производител на автомобили Дајмлер најави изградба на фабрика за автомобили Мерцедес-Бенц во близина на Москва што ќе биде прва нова инвестиција на голем западен производител од воведувањето на санкциите спрема таа земја пред три години.

Германската компанија во својата прва фабрика за производство на патнички автомобили во Русија ќе вложи повеќе од 250 милиони евра, а првите автомобили би требало да бидат спремни за пазарот во 2019 година.

Досега во Русија произведуваа само камиони во средиштето на земјата во соработка со Рускиот производител Камаз.

Најавената инвестиција се надоврзува на првите знаци за опоравување на рускиот пазар за автомобили по Форд кој ја зголеми продажбата на автомобили во Русија по тригодишниот период на слаби продажни резултати.

Руското министерство за трговија и индустрија наведува во соопштението дека Дајмлер годишно ќе произведува повеќе од 20.000 автомобили и спортски теренци од марката Мерцедес-Бенц во склоп со договорот кој опфаќа период од девет години.

Одлуката за нова фабрика покажува дека глобалниот производител на автомобили “верува во рускиот пазар без оглед на краткорочните околности”, истакнал во соопштението заменик министерот  за трговија и индустрија Александар Морозов.

“Русија е стратешки важна за Мерцедес-Бенц и е атрактивен пазар кој бележи раст”, рекол членот на управниот одбор на Мерцедес-Бенц надлежен за управување со производството Маркус Шафер.