Skip to main content

Социјалната помош во Германија е три пати поголема од просечната плата во Македонија

Секој четврти жител на Германија кој прима социјална помош е странец

 |  инфодеск  | 

Податоците покажуваат дека просечните примања во семејството во дури 131 држава во светот се помали во однос на социјалната помош за семејство со едно дете во Германија. Спрема објавените податоци вакви семејства во Германија примаат, во просек, по 1.200 евра, додека, на пример, просечната плата во Македонија изнесува околу 23.000 денари.

Слична е состојбата и во другите источноевропски држави, посебно оние кои припаѓаа некогаш во источниот блок па не зачудува големиот интерес за преселба во Германија, не само мигранти од Сирија или Авганистан туку и од Бугарија и Романија. Германскиот завод за вработување објави дека во минатата година секој четврти жител на Германија кој прима социјална помош е странец.

Од нив најбројни се 295.000 Турци, 242.000 Сиријци, а на трето место се германските соседи и членка на ЕУ, Пољаци 93.000. Заводот за вработување објави и податоци за најголеми баратели на социјална помош од германската држава, а порастот од 229,4% е од Еритрејци и  пораст од 195,4% на Сиријци.

Истовремено бројот на Германци кои живеат од социјална помош минатата година е намален за скоро 240.000 корисници.