Skip to main content

Претставен еден од најбезбедните автомобили во светот

Волво не отстапува од зацртаната цел дека од 2020 година нема никој да загине во автомобил на Волво

 |  инфодеск  | 

Се менуваат односите на пазарот, се менуваат сопственици на поедини марки, па така и Волво, но во едно не се менува оваа шведска компанија која е позната по безбедноста и која го задржува континуитетот.

Волво не отстапува од зацртаната цел дека од 2020 година нема никој да загине во автомобил на Волво.

Во склад со тој план, Волво Карс објави дека новиот модел ХС60, кој премиерно беше претставен на саемот на автомобили во Женева, ќе биде опремен со три напредни функции со кои возачите ќе можат да ги извлечат од потенцијални опасности. Новите функции се осмислени за да му се овозможи на возачот асистенција при контрола на возилото со која би се избегнала потенцијална несреќа, кога е тоа потребно.

Во Волво се уверени дека со овие три нови функции ХС60 ќе биде еден од најбезбедните автомобили на светот.

“Веќе неколку години интензивно работиме на системите кои помагаат на превенциите при автомобилска несреќа. Само во Шведска, благодарение на нашиот систем за автоматско кочење, бројот на несреќи е намален за 45%. Новиот ХС60 ќе направи чекор напред во спречување несреќи. Овој пат ја усовршиме функцијата во која автомобилот сам да може да го покрене управувачот како би избегнал потенцијално судирање”, изјавил Малин Екхолм, директор на безбедносниот Волво центар.