Skip to main content

Бомбашки напад врз автобусот на фудбалерите на Борусија Дортмунд

Станува збор за три експлозии, а не една

 |  инфодеск  | 

Марк Бартра го извлече најдебелиот крај во бомбашкиот напад чија цел беше клупскиот автобус на Борусија Дортмунд, но ако се земе во предвид дека поранешниот стопер на Барселона мина само со повреда на раката, може да се заклучи дека комплетниот екипаж на „милионерите“ мина навистина добро во оваа страшна ситуација.

Германските медиуми се уште со неверица го пренесуваат нападот кој за малку не заврши трагично по еден од најсилните тимови во Европа, а доцна во ноќта со официјално соопштение излезе и Борусија, односно директор Ханс Јоаким Вацке.

Главниот оперативец на Борусија посочи дека станувало збор за дури три експлозии, а не само за една, но искрено верува дека тимот овој голем шок ќе може да го преточи во дополнителна мотивација за добра игра на одложениот меч кој ќе се одигра денеска во 18:45 часот.

– Над нашиот автобус беше извршен бомбашки напад. Цел тим е во шок, сликите од инцидентот тешко може да се замислат и изгледаат како оние на филмовите. Не стануваше збор само за една експлозија, дури три експлозивни направи беа активирани во исто време. Марк Бартра заврши во болница, имавме многу голема среќа. Полицијата ни кажа дека бомбите биле сместени во грмушките покрај патот. Се надеваме дека ова нема негативно да влијае на нас и дека ќе успееме да извлече нешто позитивно од овој шок, – се вели во соопштението на Вацке.

Бомбата која експлодира и коај беше причина за одложување на дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Монако, била скриена покрај патот, во „живата ограда“. Од оштетеноста на оградата се гледа дека разорната моќ на бомбата била голема.