Skip to main content

Уапсен еден осомничен исламист за нападот на фудбалерите во Дортмунд

Моментално имаме двајца осомничени…

 |  инфодеск  | 

Германското државно обвинителство изрази претпоставка дека нападот над фудбалерите на Борусија Дортмунд има терористички мотиви.

Портпаролката на обвинителството во Дортмунд, Фрауке Келер рекла дека има осомничено уште едно лице.

“Пронајдовме неколку писма во кои се превзема одговорноста за нападот. Едно од барањата е повлекување на војската од Сирија, а второто барање е затворање на американската воена база Рамштајн. Моментално имаме двајца осомничени, едниот е уапсен при претресот на нивниот стан”.

Агенцијата АР напоменува дека федералното обвинителство обично ги превзема случаите кои се сметаат за сериозни, вклучувајќи ги и оние кои се сметаат за терористички.

Претходно три експлозии се случија во близина на автобусот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, но немаше поголеми последици, бидејќи автобусот имал блиндирани стакла.

При експлозијата повреден е играчот Марк Батра. Тој синоќа бил опериран поради повредата на раката и дланката.

Автобусот се движел кон стадионот на клубот каде требаше да се одигра натпреварот од Лигата на шампиони против Монако.