Skip to main content

Британците открија каде лежи вистинската терористичка опасност

Се смета дека неколку соработници на момчето кое се разнесе се избегани

 |  инфодеск  | 

Членовите на терористичката мрежа која го изведе нападот во Манчестер би можеле да побегнат било каде во Британија и да имаат пристап до материјали за изработка на бомби, сметаат извори од безбедносните сили.
Особено цел би можеле да бидат помалите градови во кои не се присутни значителен број на полицајци.

Полицијата и безбедносните агенции се обидоа, со голем успех, да ја разоткријат ќелијата која му помогна на Салман Абеди да изведе масовно убиство, пишува Independent, но напоменуваат дека сеуште не се пронајдени и уапсени сите актери.

Се смета дека неколку соработници на момчето кое се разнесе се избегани и дека би можеле да нападнат во некој друг дел од земјата поради што ширум Британија се распоредени безбедносни сили.
По низата на рации на северозападот од земјата, девет осомничени се уапсени и остануваат во притвор.

Полицијата во рациите пронашла низа од докази меѓу кои и материјали за правење експлозивни направи.
Службеник во противтерористичката канцеларија Марк Роули изјавил дека полицијата ги фатила поголемиот број на терористичката група, но веројатно е дека ќе се случат уште апсења и дека нивото на закана мора да остане во критично уште следните неколку недели.

За потсетување, во понеделникот навечер загинаа 22 лица, а 59 беа ранети по експлозијата пред Манчестер арената по завршетокот на концертот на поп ѕвездата Аријана Гранде.