Skip to main content

Цената на нафтата продолжува да паѓа

Презаситеноста на пазарите со нафта врши притисок на цените веќе три години

 |  инфодеск  | 

Цената на нафтата од видот Брент во средата падна под 45 долари за барел. Ова се случува за прв пат од 15 ноември минатата година. Главен фактор за тоа беше веста дека производството на нафта во САД се зголеми во текот на изминатата недела за 20.000 барели дневно до рекордните во април 2015 година 9.35 милиони барели дневно.

Според податоците Брент нафтата се тргуваше за 44,46 долари за барел. До денешниот ден цената на нафтата падна за 20% – ова е најлошиот показател од 1997 година па наваму, забележува агенцијата Ројтерс.

Меѓу другите причини за падот на цените е и прогнозата за намалување на економијата на Кина. S & P го намали кредитниот рејтинг на земјата.

Негативна улога исто одиграа стравувањата на инвеститорите дека ОПЕК нема да може да го испочитува договорот за намалување на производството.

Презаситеноста на пазарите со нафта врши притисок на цените веќе три години. Членките на ОПЕК и Русија го намалија дневното производство во јануари, но на пазарите и понатака има премногу нафта, а складиштата низ светот се преполни.