Skip to main content

Ерупцијата на Етна предизвика нови потреси

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, доцна синоќа ја погоди областа кај вулканот Етна, во Сицилија.

 |   | 

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, доцна синоќа ја погоди областа кај вулканот Етна, во Сицилија.

Според информациите во италијанските медиуми најмалку двајца се повредени.Ова е еден од многуте земјотреси што се евидентирани во изминативе неколку дена од ерупцијата на Етна.

Медиумите известуваат дека одредени згради биле оштетени во земјотресот. Земјотресот бил регистриран три часа по полноќ. Италијанските медиуми објавија дека локалното население е во паника и дека многу луѓе ноќта ја минале на улиците.

Сеизмолошката опсерваторија на планината Етна објави дека во југоисточниот кратер се отвориле нови пукнатини.