Skip to main content

ОН: Западен Балкан се гуши во смог

Организацијата на Обединетите нации соопшти дека луѓето во сите поголеми градови во регионот на Западен Балкан, вклучително и Скопје, се соочуваат со алармантно високо ниво на загадување на воздухот, кое го намалува очекуваниот животен век затоа што, како што велат, неразвиениот и политички кревок регион во голема мера се потпира на согорувањето на јагленот за производство на енергија.

 |   | 

„Асошиетед прес“ наведува дека извештајот на Програмата за заштита на животната средина на ОН, кој денес е објавен, се базира врз податоците од 18 града и е подготвен во координација со Светската здравствена организација и институции за процена на квалитетот на воздухот од Србија, Албанија, Црна Гора и од Северна Македонија.

Во извештајот се вели дека луѓето во регионот се изложени на една од најголемите концентрации на загадувањето на воздухот во Европа, што е и до петпати поголема од националните и ЕУ-насоките.

Отсуството на обновливи извори на енергија е идентификувано како главна причина за загадувањето на воздухот на Балканот.