Skip to main content

Ќе се гради канализациона мрежа кај Болнички коплекс

Општина Охрид доби дел од средствата кои Владата одлучи да ги додели за изградба на водоснабдителни и канализациски системи. Од Локалната велат- малку се, но добредојдени се.

 |  Тања Кувенџиска  | 
sahta
шахта
Општина Охрид доби дел од средствата кои Владата одлучи да ги додели за изградба на водоснабдителни и канализациски системи. Од Локалната велат- малку се, но добредојдени се.

Владата одлучи да распредели 300 милиони денари на 61 општина за изградба на водоснабдителни и канализациски системи. Парите, во вид на капитални дотации, ќе бидат префрлени на посебна, наменска сметка на општините за изградба на проектите за кои конкурирале до Министерството за транспорт и врски. Меѓу 61 општина на која министерството и доделува средства за оваа намена е и Охрид.
Ќе ги искористи за изградба на канализационата мрежа во Болнички комплекс. Нивната висина е околу 3 милиони денари. Од Локалната самоуправа, која аплицираше со овој проект до владата велат: средствата се малку, но се добредојдени.

kamion„Секои средства се добредојдени и ние ќе ги прифатиме, но се мали. Канализационите системи кои мора да ги изградиме чинат 200 милиони денари, велат од Локалната самоуправа.

Општините се должни средствата да ги искористат исклучиво за намената за која ги добиле, со избор на најповолен понудувач за изведување на градежните работи. За извршените градежни работи, општините имаат обврска да доставуваат извештај на одредени периоди до Министерството за транспорт и врски.Пари за изградба на водоснабдителни и канализациски системи  ќе добијат и општините Дебарца и Струга.

 

{loadposition content9}