Skip to main content

Oдржан хуманитарен концерт наменет за помош на слепите лица

Божиќната песна „Тивка ноќ„ беше само еден дел од музичката програма која изобилуваше со весели  Новогодишни и Божиќни песни.

 |  Валентина Нелоска  | 
Lajons
Лајонс
Прекрасната празнична атмосфера  за посетителите ја приредија охридскиот хор, оркестарот на гимназијата и музичката група Сигма.Концертот беше со хуманитарен карактер, а  средствата кои се собраа се наменети за донирање на слепите лица од Охрид.

Славчо Џајкоски, претседател на  Здружението на слепи лица вели „ вечерашните  средства ќе бидат правилно искоритени. Ова е само почеток на акцијата која ќе следува во 2009 година за подобрување на  животните услови на семејствата на слепи лица. Станува збор за околу 40 –тина семејства претежно социјални случаи на кои им е потребна помош“.

logoОрганизатори на овој хуманитарен концерт беа членовите на     Лајонс Клубот Охрид. Тие  потенцираат дека со нивните активностои продолжуваат и понатака. Во нивната програма имаат зацртано и други активности.

Драган Спасекси Охридски вели дека следува Топ 10 програмата за истакнување на најдобрите ученици од охридксите основни училишта, а во престојниот период ќе се проширува и на средношколците.
Во преполната  сала на Центарот за култура  во звуците на весела музучка програма уживаа голем број посетители ,а меѓу нив  беа градоначлникот Александар Петрески и екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски. 

 

{loadposition content9}