Skip to main content

Еден милион евра ќе се инвестираат во општата болница во Струга

Проектот предвидува реконструкција на зградата на детското и ренген одделението, како и надоградување на зградата во која се сместени оделенијата: хирургија, интерно и гинекологија.

 |  Билјана Ќосеска  | 
tabla bolnica
tabla bolnica
Проектот предвидува реконструкција на зградата на детското и ренген одделението, како и надоградување на зградата во која се сместени оделенијата: хирургија, интерно и гинекологија.

Зградата на детското и ренген одделението при општата болница во Струга, се целосно руинирана. Години наназад не е инвестирано во реконструкција на овој објект во кој се наоѓаат и двете одделениа.

„Од ден на ден поради староста на конструкцијата, згадата пропаѓа“. Поради тоа директорот на Општата болница во Струга, д-р Ментор Ибрахими, најави превземање градежни зафати.

Општата болница има голема потреба од овие оделенија и затоа сме приморани да превземаме мерки, вели директорот.

bolnica StrugaПроектот кој предвидува реконструкција на ренген и детското одделение,  опфаќа надоградување и на зградата каде се сместени трите одделениа: хирургија, интерно и гинекологија. Објектот ќе се надогради со уште еден кат.

Д-р Ибрахими вели, „дека сигурно тука ќе има потреба од еден лифт кој е во план да се стави.“

Предвидените активности веќе се во тек, информира Ибрахими. Министерството за здравство, за оваа намена има избрано битолска проектантска куќа. Целосниот проект во кој се предвидува реконструкција на зградите, би чинел околу еден милион евра. Градежните зафати ќе започнат наскоро, кажува директорот Ибрахими.