Skip to main content

Дебрца денес прославуваше

65 годишнината од создавањето на првата слободна територија во окупираната Македонија денес беше свечено одбележана во Дебрца.

 |  Лионела Јаковлева  | 
spomen ploca
spomen ploca
65 годишнината од создавањето на првата слободна територија во окупираната Македонија денес беше свечено одбележана во Дебрца.

65 годишнината од создавањето на прва слободна територија во окупираната Македонија денес беше свечено одбележана во Дебрца. „Херојските дела и историските настани на ова подрачје остануваат вечно во колективното паметење на македонскиот народ“, беше речено на денешниот собир. Од славната Дебрца беше порачано дека некои настани од нашето минатао  ништо не може да ги избрише. Како историска придобивка беше истакната работата на училиштата на македонски јазик во окупирана Македонија, првиот свештенички црковен собир на МПЦ на слободна територија и прогласувањето на манифестот на Македонија „Црвена Вода“.

K.U.DНа свеченоста во Издеглавје зборуваа градоначалникот на општина Белчишта, Љупчо Којчиноски и д-р Павле Митрески, а имаше делегации на општините Охрид, Дебрца и Кичево како и претставници на АРМ и Организацијата на борците кои положија свежо цвеќе на спомен обележјата во Слатино, Црвена Вода и Издеглавје.