Skip to main content

Вмро-Дпмне од Струга неуморно се подготвува за престојните парламентарни избори

Во тек е анкетирање за потенцијални кандидати за градоначалник. Ќе се бара лице во кое имаат доверба сите македонци. Само на тој начин  во Струга ќе се постави градоначалник македонец, сметаат од партијата.

 |  Билјана Ќосеска  | 
zname VMRO
zname VMRO
Во тек е анкетирање за потенцијални кандидати за градоначалник. Ќе се бара лице во кое имаат доверба сите македонци. Само на тој начин  во Струга ќе се постави градоначалник македонец, сметаат од партијата.

По победата на парламентарните избори, Вмро Дпмне во Струга со полна пареа работи за претстојните локални. Општинскиот огранок на партијата веќе подолг период интензивно ја подготвува предизборната кампања. Во јавоста веќе кружат имиња на потенцијални кандидат за градоначалник на Струга од оваа партија.

StrugaНеофицијално се споменуваат  имињата на Атанас Миладинов, Д-р  Момо Аврамоски, д-р Слободан Попоски,  Ненад Ѓоргоски како и  Живко Шикоски. Неофицијално оваа листа со можни кандидати за градоначалник му била испратена на првиот човек на центаралиот комитет, Никола Груевски. Како што дознава ТВм Груевски не се согласил со предложените кандидати и затоа изборот на потенцијалнио кандидати моментално  се направи преку анкетирање телефонски и теренски, за на тој  начин да се избере личност  во која граѓните на Струга би имале доверба.

Од Вмро Дпмне не излегуваат со коментар за тоа кои би биле потенцијалните кандидати за градоначалник на Струга од нивната партија. Се големи оптимисти дека и на локлните избори ќе го повторат резултатот кои го постигнаа за парламентарните избори, и со тоа за прв човек на градот да биде поставен градоначалник од редовите на Вмро Дпмне.