Skip to main content

Сиена заинтересирана за Роналдо

Италијанскиот фудбалски прволигаш Сиена, е заинтересиран да го ангажира некогашниот најдобар светски фудбалер, бразилецот Роналдо.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ronaldo
Ronaldo
Италијанскиот фудбалски прволигаш Сиена, е заинтересиран да го ангажира некогашниот најдобар светски фудбалер, бразилецот Роналдо.

Бразилскиот фудбалски ас, кој се опоравува после повредата на лигаментите на коленото која на 13 февруари годинава ја задоби како играч на Милан, на натпреварот против Ливорно, ја потврди понудата својата кариера да ја продолжи во некој од прволигашките клубови во Италија, но не кажа во кој точно. Италијанските новинари потсетуваат дека претседателот на Сиена, Џовани Ломбарди Стронати, неодамна изјави дека во неговиот клуб, неопходен е еден напаѓач од светски ранг и дека тој самиот ќе вложи огромен напор да ангажира еден познат и проверен голгетер.

RonaldoЗа некогашниот бразилски репрезентативец, најефикасниот стрелец на светските турнири и најдобриот играч на планетава за 1996,1997 и 2002 година, освен Сиена, заинтересирани се и од Сампдорија. За него се заинтересирани и англиските Манчестер Сити и францускиот Парис Сен Жермен, а Роналдо најави дека деновиве ќе започне со игра во бразилскиот Фламенго, бидејќи коленото повеќе не го боли.