Skip to main content

Првата индиска мисија тргна кон Месечината

Индија синоќа ја испрати својата прва мисија кон Месечината без човечки екипаж.

 |  Крсте Голабовски  | 
Siharikota
Siharikota
Сателитот „Чандрајан-1“, со тежина од 1.304 килограми, е лансиран во раните утрински часови по локално време, од индискиот космодром на островот Шихарикота во државата Андра Прадеш, а во орбитата околу Месечината би требал да влезе за околу 18 дена.

„Првпат одиме на Месечината. Кина тоа веќе го направи, но сега ќе се обидеме да ја стигнеме и да го надминеме јазот меѓу нас“, изјави директорот на Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО), Баскар Нарајан.

Chandarayan-1Од ИСРО велат дека главна цел на мисијата не е зголемување на рејтингот на земјата, туку значајните научни сознанија кои треба да бидат собрани. Целта на мисијата е потрага по хелиумот 3, изотоп кој е многу редок на Земјата, а кој во иднина би можел да биде многу важен извор на енергија, бидејќи може да се користи како гориво во идните нуклеарни реактори. Научниците веруваат дека на Месечината го има премногу.

 

Индиската мисија, исто така, треба детално да ја истражи Месечината во потрага по скапоцени метали и вода.Сателитот „Чандрајан-1“ би требало во орбитата да помине околу две години, а вредноста на проектот ќе изнесува околу 79 милиони долари.
 
Оваа мисија претставува клучна етапа во подготовката, заедно со Русија, за сложената експедиција „Чандрајан-2“, која подразбира испраќање на Месечината самодвижечки возила околу 2011 година.