Skip to main content

Охридските угостители ги воведуваат ХАСАП стандардите

Велат- со тоа конечно ќе се стави крај на безредието и ќе се зголеми безбедноста на гостите, но и нашата.

 |  Тања Кувеџиска  | 
zavod za zdravstvena zastita
zavod za zdravstvena zastita

 

Охридските угостители забрзано ги воведуваат ХАСАП стандардите во своето работење.
Сметаат дека со ваквиот начин на самоконтрола во работењето, конечно ќе се стави крај на безредието во произведувањето и продавање храна. „ Повеќе нема да може кој каде сака да продава плескавици, а при тоа да нема каде да ги измие рацете“, коментира Љупчо Блажевски сопственикот на хотел Сончева порта.

hasapПреку воведувањето на ХАСАП системот ќе се обезбеди поголема заштита на гостите, но и ние ќе се обезбедиме од евентуални грешки и пропусти, велат угостителите.
Поголемиот број угостителски објекти започнаа со воведување на ХАСАП- от дури пет години по воведувањето на ваквата обврска со Законот за безбедност на храна. Нивниот коментар е дека- како и секоја друга законска обврска, така и оваа согласно менталитетот на луѓето, се исполнува во последен миг.

Како што е познато, хотелите, рестораните, сендвичарите, односно сите кои вршат производство и продажба на храна, најдоцна 31 декември годинава,имаат обврска во своето работење да ги воведат ХАСАП стандардите. Во спротивно ќе следуваат ригорозни санкции против оние кои не го почитуваат Законот за безбедност на храна.