Skip to main content

Утре ќе се одржи 58 седница на Советот на Општина Охрид

На дневен ред на 58 седница на Советот на Општина Охрид има повеќе точки од урбанизмот. Меѓу другите се најде и точката за утврдување Нацрт ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“.

 |  Лионела Јаковлева  | 
opstina Ohrid
opstina Ohrid
На дневен ред на 58 седница на Советот на Општина Охрид има повеќе точки од урбанизмот. Меѓу другите се најде и точката за утврдување Нацрт ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“.

Советот на општината на својата седница закажана за утре, меѓу другото ќе расправа по Предлог-одлуката за утврдување Нацрт-ДУП за Урбана Заедница 2, дел од урбан блок 2.2, општина Охрид 2008-2013.

kongresen centarСтанува збор за утврдување Нацрт – ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“ која веќе 6-7 години е во сопственост на ГП “Гранит“. Спомнатата Предлог- одлука беше на дневен ред и на претходната, 57. седница на Советот што се одржа на крајот на септември, но беше повлечена од страна на предлагачот на барање на советниците од ВМРО НП кои се изјаснија дека не им се доставени доволно материјали од кои би добиле соодветни информации за намената на тој простор. Сега оваа точка повторно се најде на дневен ред, а советниците на НП велат дека нивните барања донекаде се исполнети и овојпат добиле одговор на некои прашања.
Инаку уште во јуни месец градоначалникот Петрески и еминентни професори на Архитектинскиот факултет во Скопје јавно ја промовираа намерата на спомнатиот простор да се гради Конгресен центар кој му недостига на Охрид. Тогаш беше истакнато дека  Конгресниот центар е потреба за Охрид и тој ќе биде вистинска придобивка за градот кај се стреми да биде развиен и современ.