Skip to main content

Нема титула магистар или доктор на наука без претходно практично истражување

Од Министерството за образование велат дека ќе се измени начинот на работа на магистрантите и докторантите. Не ќе може секој кој ќе посака да се здобие со престижна титули.

 |  Лионела Јаковлева  | 
FTON
FTON
Од Министерството за образование велат дека ќе се измени начинот на работа на магистрантите и докторантите. Не ќе може секој кој ќе посака да се здобие со престижна титули.

Расте бројот на лицата кои се здобиваат со титулите магистaр или доктор на наукi. Од секторот за науки при Mинистерството за образование велат дека ваквиот тренд е за пофалба, но Македонија треба да поработи на тоа како да се подобрат универзитетските истражувања и истите да се применат во пракса. Од таму објаснуваат дека магистарските трудови и докторатите 90 проценти се само теорија.

konferencijaОтсега па натаму постдипломците ќе треба да решат некој конкретен проблем од областа која ја истражуваат доколку сакаат да ја одбранат својата магистерска работа, вели Јордан Шикоски раководителot на секторот за науки при Министерството за образование. Тој објаснува дека вака функционират сите светски универзитети.

„Доколку некој поединец сака да изготви магистарска работа претходно ќе мора да објави неколку свои трудови во некои реномирани стручни списанија, а доктор на науки нема да биде оној кој не ќе направи некое истражување од кое ќе произлезат конкретни резултати и мерки“, вели Шикоски. „Веќе не ќе може секој кој ќе посака да се здобие со овие престижни титули“, објаснува тој.