Skip to main content

Фелипе сеуште има шанси

Иако минаа две години откако не вози, повеќекратниот светски првак во Ф1 Михаел Шумахер, го понуди своето гледиште за крајот на оваа сезона во формула еден.

 |  Крсте Голабовски  | 
Felipe Masa
Felipe Masa
Иако минаа две години откако не вози, повеќекратниот светски првак во Ф1 Михаел Шумахер, го понуди своето гледиште за крајот на оваа сезона во формула еден.Нее тешко да се заклучи дека симпатиите на Шумахер ќе бидат на страната на бразилецот Фелипе Маса, кој на патеката на Интерлагос ќе ја брка светската титула. Германецот и самиот го проба болидот кој Маса ќе го вози.

„Фелипе со помошта на тимот го совлада болидот кој ќе го вози, а со тоа си овозможи и поната да остане во трката за титулата.“, изјави Шумахер и потенцира дека Маса е еден од оние возачи кои не се доволно ценети.

„Гледано од страна, ме чуди како луѓето го омаловажуваат човекот кој е подготвен да го освои ова првенство“, додаде Михаел.

За својот ученик, Шумахер е полн само со пофални зборови.

Felipe Masa„Знам дека фелипе може да успее. Го гледав као вози, аи возев заедно со него.. Знам колку е добар. Силен возач е и опасен противник. На гледачите тоа им бега бидејчи сеуште на него гледаат како на детенце.“

Но, исто така со голем респект Шумахер гледа и на најголемиот противник на Маса во трката за титулата, британецот Луси Хамилтон.

„Мислам дека се она што тој го постигна за толку кратко време, кога беше побрз од Алонсо, зборува самото за себе.“ Но сепак многу е тешко дда се одлучи кој навистина е подобриот.

Ако се земат сите околности во предвид и самиот факт што епилогот ке се случи на патеката во Интерлагос, едно е сигурно, љубителите на Ф1, ги очекува неверојатно интересна последна трка.