Skip to main content

Почнува зимското сметање на времето

Летното сметање на времето завршува в недела, на 31 октомври, кога стрелките на часовниците се поместуваат еден час наназад, така што три часот по полноќ ќе се смета како два часот.

 |  Маја Савиќ  | 
zimsko smetanje na vremeto
зимско сметање на времето

Летното сметање на времето завршува в недела, на 31 октомври, кога стрелките на часовниците се поместуваат еден час наназад, така што три часот по полноќ ќе се смета како два часот.

zimsko smetanje na vremeto

Воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес и често пати бил менуван во текот на годините. Се почнало со Бенџамин Френклин, кој додека бил американски делегат во Франција, во 1784 го напишал есејот „Економичен проект“.

Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не
предизвика поголеми проблеми за работното население. Исланд е единствената европска земја, која не го воведе зимското и летното сметање на времето.

Од 2007 Американците го сменија начинот на кој го сметаат времето, односно почетокот и крајот на летното сметање на времето, така што сега тие ги менуваат часовниците вториот викенд од март и првиот викенд во ноември.

На јужната хемисфера почетокот и крајот на летното време е спротивен во однос на северната.Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината.

Повеќето модерни компјутерски оперативни системи имаат можност за автоматски премин на летно сметање на времето. Меѓутоа Израел до пред неколку години го менуваше летното време различно од остатокот од светот, поради посебниот лунарен календар, така што повеќето системи не можеа да преминат кон израелското летно време.

Некои астрономи меѓутоа се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи
сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат
економските причини.
{loadposition content9}