Skip to main content

Русија го обновува својот нуклеарен штит

Во 2009 година Русија планира да се снабди со најновата меѓуконтинентална балистичка ракета РС-24. Се очекува тоа да биде најважната етапа од модернизацијата на руските ракетни војски со стратешка намена (РВСП) по појавата на „Топол-М“.

 |  Крсте Голабовски  | 
nuklearen proektil
nuklearen proektil
Во 2009 година Русија планира да се снабди со најновата меѓуконтинентална балистичка ракета РС-24. Се очекува тоа да биде најважната етапа од модернизацијата на руските ракетни војски со стратешка намена (РВСП) по појавата на „Топол-М“.

По првпат по распаѓањето на Советскиот сојуз ќе биде воведен во вооружувањето нов надземен ракетен комплекс, опремен со боеви глави со самостојно насочување. Според најсигурни информации, ракетата, разработена од Московскиот институт за термотехника (МИТ, кој што ја создаде и „Топол-М“), претставува варијанта на „Топол-М“ со усовршување од трет степен.
Во конструкцијата е користен истиот блок за поделба на боевите глави, со што се снабдени меѓуконтиненталните балистички ракети РСМ-56 „Булава“.

nuklearen proektilОпсегот на РС-24 ќе биде најмалку 11.000 километри, а моќноста на секоја од боевите блокови веројатно ќе биде меѓу 150 и 300 килотони.
Освен со боеви глави, РС-24 ќе бидат снабдени и со комплекс од средства за надминување на противракетната одбрана, што го отежнува откривањето и пресретнувањето од противникот.

Како и „Топол-М“, новите ракети ќе бидат распоредени и во шахти, и на подвижни лансирни рампи, што ќе ја зголеми нивната оперативна флексибилност на руските  ракетни војски со стратешка намена.
Исто така до 2020 година се предвидува „во конструкција“ да останат и неколку десетици ракети „Топол“ од најстариот модел и близу толку ракети УР-100Н УТТХ.

Во целина, руските  ракетни војски со стратешка намена ќе имаат околу 300 до 350 ракети од сите типови, кои ќе носат во близина 800 боеви блокови.
Стратешката авијација на Русија исто така ќе продолжи да ги користи бомбардерите Ту-95МС и Ту-160.