Skip to main content

Ана Ивановиќ, го освои Линц

Ана Ивановиќ, го освои турнирот во Линц, со победата над Вера Звонарева во два сета со 6:2  и 6:1.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ana Ivanovic
Ana Ivanovic
Ана Ивановиќ, го освои турнирот во Линц, со победата над Вера Звонарева во два сета со 6:2  и 6:1.

Мечот траше само 50 минути. Ова е прва победа за србинката после четири и пол месеци и трофејот на Ролан Гарос. Ана доминираше за време на целиот меч и на противничката и дозволи само еднаш да и го одземе сервисот, но не и сериозно да ја загрози. Шампионката на Ролан Гарос, ја служеше сервиосто и имаше одличен скор на освоен прв сервис. Од самиот почеток Ана започна агресивно и лесно ги освојуваше гемовите.Финалето воедно беше и борба на првите две фаворитки на турнирот. Ана беше првата носителка, додека Звонарева беше втора носителка на турнирот. После нивната шеста меѓусебна средба, Ивановиќ води со 4:2.

Ana IvanovicПосле успехот со Ролан Гарос, српската тенисерка имаше серија на лоши резултати, а дури на четири турнири не успеа да врзе ни две победи. Минатата недела играше во полуфиналето на турнирот во Цирих, кога загуби од американката Венус Вилијамс.
Наградниот фонд на турнирот во Линц изнесуваше 60.000 долари.