Skip to main content

Охридски ЕМО се продава по четврти пат

Владата денес објави меѓународен тендер за продажба на  претпријатието. Една акција се продава за 10 евра.

 |  Тања Кувенџиска  | 
ЕМО
ЕМО
ЕМО- Охрид се продава по четврти пат.

Денес во весникот „Фајненшел тајмс“ преку јавен оглас беше објавена повторната продажба на оваа охридска фирма. Како што информираат од Министерството за економија, условите за продажба на ЕМО не се променети. Условите во однос на бројот на вработени, инвестициската програма и дејноста остануваат исти како и на претходните три објавени тендери.

ЕМОРазлична е само цената на акциите. Една акција сега се продава за 10 евра, наместо 28 евра , за колку што се продаваше на последниот неуспешен оглас.Од Министерството за економија потенцираат дека доколку и по четврти пат ЕМО не се продаде, ќе се бара консултант кој ќе даде предлози за конечно  решавање на иднината на оваа компанија.