Skip to main content

Керју казнет поради недолично однесување во стриптиз бар

Напаѓачот на Астон Вила, Џон Керју е жестоко казнет од страна на менаџерот Мартин Онил поради посета на стриптиз клуб пред натпреварот со Ајакс од купот на УЕФА.

 |  Крсте Голабовски  | 
John Carew
John Carew
Напаѓачот на Астон Вила, Џон Керју е жестоко казнет од страна на менаџерот Мартин Онил поради посета на стриптиз клуб пред натпреварот со Ајакс од купот на УЕФА.

Керју е забележан во четвртокот рано наутро како излегува од стриптиз бар, истоит ден кога неговиот тим играше против Ајакс во купот на УЕФА. Иако норвешкиот репрезентативец е исклучен од поставата за натпреварот, неговата одлука да го посети барот јавно е критикувана од страна на сите кои имаат влијание во Премиер лигата.

John CarewЏон со гол се врати во првата постава на гостувањето во Вигано каде Астон Вила славеше со 4:0, но тоа не беше пречка неговиот менаџер Мартин Онил да го удри по џебот поради тој пропуст.