Skip to main content

Од Ферари размислуваат за напуштање на Ф1

Екипата на формула 1 од Ферари размислува за учеството на светскиот шампионат доколку сите екипи имаат исти мотори.

 |  Крсте Голабовски  | 
bolid Ferrari
bolid Ferrari
Екипата на формула 1 од Ферари размислува за учеството на светскиот шампионат доколку сите екипи имаат исти мотори.

Светската автомобилска федерација разгледува воведување на единствени мотори од 2010 година, со цел да се намалат трошоците на сите тимови.

„Управниот одбор на Ферари ја подржува идејата за намалување на трошоците, но имаме големи резерви кон проектот за стандардизација на моторите. Одборот го задржува правото заедно со партнерите да одлучува за својата иднина во формула 1.“ се наведува во соопштението од Ферари.

bolid FerrariФерари чиј сопственик е автомобилскиот гигант Фијат, минатата сезона ги освои титулите во конструктори и возач, со Кими Раиконен. Оваа година во трка е Фелипе Маса.

ФИА, годинава иајава дека во процедура е тендерот за производители на мотори кои до 2010 би ги снабдувале сите тимови со еден унифициран мотор.

„Ваквата промена во целост би ја уништила суштината на Формула еден, во која ферари е присутен од 1950 година. Основата на овој спорт е натпреварувањето и технолошкиот развој“, се наведува во соопштението од Ферари.