Skip to main content

Вицепремиерот Боцевски во посета на Естонија и Латвија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска и утре ќе престојува во посета на Естонија и Латвија.

Ivica Bocevski
Ivica Bocevski
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска и утре ќе престојува во посета на Естонија и Латвија.

За време на престојот во Талин, вицепремиерот Боцевски ќе се сретне со премиерот на Естонија Андрус Ансип, со министерот за финасии Ивари Падар, со министерот за економија и комуникции Еинари Кисел, со министерката за социјални работи Марет Марипу, со потсекретарот за надворешни работи Каја Таелк, како и со други функционери кои работат на прашања од областа на ЕУ, надворешните работи и економијата.

Ivica BocevskiВо Естонија, јави известувачот на МИА, вицепремиерот Боцевски ќе се сретне и со Марко Микелсон и со Свен Миксер, претседавачите на парламентарните комисии за европски прашања и за надворешни работи, како и со Ханес Асток, претседавач на Парламентарната група Естонија-Македонија.

Во Латвија македонскиот вицепремиер ќе оствари средби со министрите за правда и за надворешни работи, како и со претставници на парламентарната комисија за надворешни работи и на паралемнтарната група за соработка со Република Македонија.
За време на средбите ќе стане збор за напредокот во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и европската перспектива на Република Македонија, а ќе биде презентиран и напредокот на земјата во исполнувањето на условите за либерализација на визниот режим.