Skip to main content

Признавањето на Косово нема да ги запре србите да дојдат во Македонија

Повеќе од 80%  од новогодишните аранзмани за Охрид се распродадени на гости од србија. Туризмот не познава  граници-смета уредникот на туристичката редакција „Призма“.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Struga
Struga
Повеќе од 80%  од новогодишните аранзмани за Охрид се распродадени на гости од србија. Туризмот не познава  граници-смета уредникот на туристичката редакција „Призма“.

Македонија станува се по привлечна дестинација за посета од страна на странските туристи. Стручните лица од соседните земји отценуцваат дека Македонија напреднува во оваа област, бидејќи има што да им понуди на туристите. Туристичките работници од соседните земји  сугестираа дека конкретно Струга треба уште да работи за да напредува во туризмот.
Туристичките работници од Стрбија сметаат дека во Струга неопходно е да се инвестира во инфраструкурата.

StrugaЃорѓе Михајловиќ од уредник на Маркетинг-агенцијата „Туристичка Призма“, вели дека Македонија и Србија треба уште мног да работат за да се вбројат во големите туристички центри. Но за тоа, според него, треба да помогнат државите бидејќи самите стопанственици неможат сами да се изборат за да ја втурнат земјата во европските високо развиени  туристички дестинации, според експертите за тоа е потребен прериод од 5 до 7 години. Според Михајловиќ и по признавањето на Косово од страна на Македонија, србските туристи и понатаму ќе доаѓаат во нашата земја.

„Кога станува збор за туризмот  тој не познава граници. Веќе летово кое доаѓа нема да има значителен пад во посетеноста од страна на гостите кои доаѓаат од Србија. За тоа зборува податокот дека 80% од туристичките капацитети од Охрид се продадени на српски агенции, кога станува збор за новогодишните аранжмани„-вели  Ѓорѓе Михајловиќ уредник на редакција „Туристичка Призма„ од Нови Сад.

И туристичките работници од Македнија се согласуваат со ставот на Михајловиќ. Веладт дека заинтересираноста на српските агенции за македонските туристиќки понуди не опаѓаат.

 

{loadposition content9}