Skip to main content

Туристичките работници од Балканот се собраа во Струга

Преку туристичка берза се презентираат пропагандни материјали од капацитети со кои располага земјава, но и соседните држави.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Turisicka berza
Turisicka berza
Преку туристичка берза се презентираат пропагандни материјали од капацитети со кои располага земјава, но и соседните држави.

Освен балканските, и  европските земји се повеќе се заинтересирани да го посетат Охридско-струшкиот регион
За да се привлечат повеќе гости и да се остварат нови бизнис контакти со земјите од Балканот, во Струга по трета година се организира  туристичка берза (Work Shop) „Tour Ex Yu 2008“.
Средбите се со цел купопродажба на аражмани, на сличен начин како оние берзи кои се организираат во големите европски туристички центри. Очекувањата на иницијаторот и организаторот полека се остваруваат. Туристичката берза е доста посетена за разлика од претходините години.

„Она што не радува е тоа дека годинава  има и 10 туристички агенции од Албанија како и туроператори од Хрватска„-истакна Ѓорѓе Михајловиќ уредник на маркетинг-агенцијата  „Туристичка Призма“.

Turisicka berzaВаква туристичка берза во Струга се организира по трет пат. На собирот присуствуваа околу 50-тина труристички работници од Македонија и балканските земји. Секој угостителски објект и туристичка организација на свој штанд ги презентира своите понуди. Учесниците сметаат дека ваквите средбе се од големо значење за привлекување гости.
Угостителите велат дека во изминатите 2 години кога воедно се одржува оваа берза позитивно влијаела. Велат имале гости од соседните земји.

Идеата за организирање на туристичката берза потекнува уште пред 3 години, а иницијатор е Туристичката агенција“Туристичка призма“. Организаторите очекуваат дека до година,Work Shop ќе прерасне во  уште поголема манифестација која ќе ги привлече и останатите европски земји да земат учество на берзата.

 

{loadposition content9}