Skip to main content

Промовирана информативна табла за селото Велестово

Информативни табли ќе има во сите села кои се во рамките на Националниот парк Галичица.

 |  Лионела Јаковлева  | 
tabla nacionalen park Galicica
tabla nacionalen park Galicica
Информативни табли ќе има во сите села кои се во рамките на Националниот парк Галичица.

На нив можат да се прочитаат основни податоци за местото како и за природните и геогравските реткости со кои располага тој предел.
Со промоцијата на таблата за селото Велестово, на влезот во паркот кај Билјанини извори,  беше одбележан четвртиот ден со активности по повод 50 години Национален парк Галичица. Таблата ја промовираа председателот на Форум за животна средина на Национален парк Галичица, Номче Џајкоски и Зоран Ангелоски директорот на ЈУНП Галичица. Со промовирање на оваа табла  всушност беа промовирани серија на информативни табли за селата во границите на паркот.

tabla nacionalen park GalicicaПред секое село се поставуваат вакви табли на кои ги има основните податоци за тоа место, најзначајните локации кои им се препорачуваат на посетителите за посета и основните податоци за паркот.  
Денешната активност е уште еден чекор за продлабочување на соработката на оваа установа и населението во паркот.

 

{loadposition content9}