Skip to main content

Синдикалците најмалку сакаат да протестираат

Владата е глува за барањата на работниците велат од ССМ. „Најавените протести се наше уставно право за менување на законските прописи.“

 |  Валентина Нелоска  | 
SSM Makedonija
SSm Makedonija
Владата е глува за барањата на работниците велат од ССМ. „Најавените протести се наше уставно право за менување на законските прописи.“

Со синдикалните протести работниците ќе бараат зголемување на животниот стандард и намалување на животните трошоци. Од ССМ велат ние најмалку сакаме  да протестираме, но Владата е глува за барањата на работниците.

Dragan CvetanovПричина за протестите низ поголемите градови во Македонија ќе бидат 5 –те  доставени барања до Владата. При тоа ќе се бара итна постапка за укинување на Законот за работни односи со кои се кратат  и намлуваат  работничките права, овозможување на повеќе услови за пензионирање, преземање на мерки за зачувување на животниот стандард, донесување на Закон за материјално обезбедување на стечајните работници и технолошки вишок и Закон за утврдување на минимална плата.

Протестите на кои се очекува масовно присуство на работниците, стечајците , пензионерите, невладините организации и студентите се закажани за 7 ноември во Охрид и во поголемите градови на земјава, а главниот протест е на 14-ти во Скопје.

 

{loadposition content9}