Skip to main content

Автомобилите заменете ги со велосипеди

Зелениот центар од Охрид се залага во градов во текот на цела година се повеќе да се користат велосипеди а не автомобили.

 |  Лионела Јаковлева  | 
zelen centar
zelen centar
Од таму велат „ Охрид има идеални услови за возење велосипед, недостасуваат само велосипедски патеки“.

Зелениот центар од Охрид ги додели наградите на учениците кои со свои пишани или ликовни дела учествуваа на конкурсот кој се одржа по повод Светскиот ден без автомобили. На ваков начин го заокружуваме овој проект, вели Борис Матески претставник на Зелениот центар. Тој кажува дека децата во голема мера знаат да се грижат за животната средина, но  возрасните се тие кои најчесто ги кршат правилата.

raskrsnicaМатески потенцира дека не треба само еден ден во годината да ги заборавиме автомобилите и да ги замениме со велосипеди. Тоа треба да го правиме многу почесто . Причина повеќе за употребата на велосипедот е што Охрид има идеални климатски услови за тоа. Единствено што ни недостасува, вели Матески се велосипедските патеки.

Инаку Светскиот ден без автомобили се одбележува на 22 септември. Оваа година по тој повод се одржа трка со велосипеди.

 

{loadposition content9}