Skip to main content

Пападополу – Владата не сака или не се осмелува да ги чуе грчките аргументи

Владата не сака или не се осмелува да ги слушне грчките одговори и аргументи, изјави денеска грчката амбасадорка Александра Пападополу.

Aleksandra Papadopulu
Aleksandra Papadopulu
Владата не сака или не се осмелува да ги слушне грчките одговори и аргументи, изјави денеска грчката амбасадорка Александра Пападополу.

Таа реплицираше на прашањата на новинарите, по денешната прес конференција на заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, на која тој ги осуди вчерашните извици на грчките специјалци за време на воената парада во Солун.

Grcka Ambasada„МНР смета дека ваквиот чин на демонстрација на сила и непријателство кон Македонија е во директна спротивност со јавните заложби на државниот врв на Грција за добрососедство“, изјави заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров.

Тој најави дека протестна нота до грчката канцеларија за врски во Скопје нема да биде упатена, бидејќи МНР „не сака да ги слуша коментарите од грчката претставничка Александра Пападопулу“.

Петров информираше и дека за последните случувања во Солун ќе ги извести сите меѓународни релевантни институции.

 

{loadposition content9}