Skip to main content

Заводот за нефрологија од Струга слави 30 години успешно функционирање

Министерот Бујар Османи рече дека оваа установа која важи една од најголемите и квалитните, и понатаму ќе ја има подршката од ресорното министерство.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Zavod za nefrologija
Завод за нефрологија
Министерот Бујар Османи рече дека оваа установа која важи една од најголемите и квалитните, и понатаму ќе ја има подршката од ресорното министерство.

Заводот за нефрологија во Струга  денес слави 30 години  постоење. Во досегашната историја бележи успех и напредок. Ова го потврди и министерот за здравство, Бујар Османи ја посети дијализата и присуствуваше на церемонијата. За Заводот за Нефрологија кажа дека е  инстуитуцијата која важи за една од најголемите и најквалитетни за лекување на бубрежно болните пациенти.

„Во Мекдонија има регистирирани околу 1300 пациенти кои се лекуваат во 18 завиоди за нефрологија. Во нив спаѓа и струшкиот, којаважи за еден од најголемите кадесе лекува по највисоки светски стандарди“-истакна министерот за здравство, Бујар Османи.

Zavod za nefrologijaОваа здравствена институција нуди квалитетна дијализа на пациентите од Струга но и од целата држава, тврди  првиот човек на Заводот за Нефрологија. Пред се ги задоволува потребите на пациентите и  ги  исполнува сите неопхдни услови за нејзино функционирање. Располага со врвна опрема за дијагностика и терапии и истовремено нуди врвни услуги, истакна директорот Сами  Мена.

Министерот за здравство се надева дека  неговата  посетата во Заводот за нефрологија ќе го потикне на првиот човек на установата да продолжи со успешното менаџирање, и потенцира дека во секое време ја има подршката од ресорното министерство. Инаку министерот Бујар Османи,  денес потпишадоговор со италјанска фирми избрани на тендерот за неопходна  биомедицинска опрема. Со овој договор ќе се овозможи комплетно опремување  на 10 хирушки сали. Вредноста на опремата од првата фаза ќе изнесува милион и 400 илјади евра. Нова опрема ќе добијат и болниците во Охрид и Струга.

 

{loadposition content9}