Skip to main content

Писателот Eсад Бајрам – Македонскиот Чехов

Најновото литератуерно дело на писателот Есад Бајрам е насловено како „Исповед на поетот “. Станува збор за колумни кои биле објавувани во текот на три години во неколку македонски дневни весници.

 |  Валентина Нелоска  | 
Esad Bajram
Есад Бајрам
Најновото литератуерно дело на писателот Есад Бајрам е насловено како „Исповед на поетот “. Станува збор за колумни кои биле објавувани во текот на три години во неколку македонски дневни весници.

Колумните се на тема од нашето секојдневие, од Охрид и луѓето кои го обележале времето со своето постоење  вели Есад Бајрам, па неговите  колеги веќе го нарекле Македонскиот Чехов. Тој вели пишувам и навлегувам во расправија со денот, со себеси и ноќта , ги оживувам случките во моите колумни.

Esad BajramЕсад Бајрам не само што пишува проза и поезија за возарсни и деца,  тој неуморно  и преведува од турски на македонски јазик и обратно. Досега има над 50 –тина преводи, а за турските читатели ја  превел и  Антологијата на современата македонска поезија.

Во творештвото на Есад Бајрам има и околу 30 –ина дела поезија и проза. Почнувајќи од неговото прво дело поезија за деца Плетенки, за потоа да се  нижат  книгите  Буквар – Срце, Баждарина, Пеливан на кујната, Диван, Небесна убавица па се до најновото Исповед на поетот.  
Авторот Есад Бајрам  е член на македонското друштво на писатели од 1987 година.

{loadposition content9}