Skip to main content

Детската градинака „Јaсна Ристеска“ денес го слави 45-тиот роденден

Од формирањето  до денес, установата бележи успех, за тоа говори големиот интерес на родителите за упис на своите деца. По повод јубилејот- децата приредија разни содржини за кои се подготвуваа  подолг период.

 |  Билјана Ќосеска  | 
deca
деца
Од формирањето  до денес, установата бележи успех, за тоа говори големиот интерес на родителите за упис на своите деца. По повод јубилејот- децата приредија разни содржини за кои се подготвуваа  подолг период.

Детската градинака „Јасна Ристеска“ од Охрид денес одбележува јубилеј- 45 години од постоење. Во досегашниот период, градинката има постогнато голем напредок. Иако тоа е очигледно, сепак  себично е од моја страна да ги потенцирам успесите, вели првиот човек на установата. За тоа зборува фактот што интересот кај родителите за запишување на своите деца  во групите, во склоп на градинката, е многу голем.

detska gradinka Во склоп на Детската градинка “Јaсна Ристеска“ функционираа уште 30 воспитни групи кои се распределени во 5 објекти.
Инаку, денешната свеченост, одбележувањето на јубилејот се одбележа со бројни активности. Децата од групите се собраа во објектот „Развигорче“  каде приредија различни активности кои  кои подолго време ги подготвуваа.

Активностите на градинаката „Јасна Ристеска“ продолжуваат и во петок. Децата преку бројни содржини ќе учествуваат и во одбележвањето на 7-ми Ноември. Покрај многуте активности ќе се презентира и веб-страницата на детската установа

 

{loadposition content9}