Skip to main content

Американските гласачи ги решаваат претседателските избори

По 20-месечните митинзи, дебати и безбројни пропагандни спотови, како дел од најскапата предизборна кампања во историјата на САД, денес во САд конечно се гласа.

 |  Крсте Голабовски  | 
izbori
избори
По 20-месечните митинзи, дебати и безбројни пропагандни спотови, како дел од најскапата предизборна кампања во историјата на САД, денес во САд конечно се гласа.

По 20-месечните митинзи, дебати и безбројни пропагандни спотови, како дел од најскапата предизборна кампања во историјата на САД, гласачите конечно ќе добијат можност да избираат меѓу демократскиот кандидат за претседател на САД Барак Обама и неговиот републикански ривал Џон Меккејн.

Барак Обама победи на претседателските избори во малото гратче Диксвил Ноч, во државата Њу Хемпшир, каде рано утринава веќе заврши гласањето за претседател на САД, пренесоа американските агенции.
По традиција што датира уште од 1948  година жителите на ова гратче имаат право да гласаат пред сите други во САД – веднаш по полноќ по локално време.

Избирачката активност овој пат била 100-отстотна. Обама победил пред Меккејн со 15 спрема шест гласа. Независниот кандидат Ралф Нејдер, кој исто така е кандидат во овој реон, не добил ниту еден глас.
Членовите на избирачките одбори низ целата земја се подготвуваат за рекордна излезност со долги редици пред гласачките места, како сведоштво за огромниот интерес за изборите, кои веќе се опишуваат како најважните во поновата историја.

Новиот претседател на САД, кој ја презема функцијата во јануари 2009 г, ќе се соочи со две војни, се поизвесна економска рецесија и глобален финансиски систем соочен со пропаст. Светот очекува од новиот претседател да ја возобнови репутацијата на САД, која беше сериозно поткопана за време на осумгодишното владеење на администрацијата на Џорџ Буш.

Проценките за излезноста во некои држави се движат од 80 до 90 насто, во споредба со 60-те насто за време на претседателските избори во 2004 г, кога беше забележан најголем процент на учество на гласачите уште од 1968 г.

izbori„Оваа година ќе стигнеме до 100-настотна излезност повеќе од која било друга“, изјави Даг Шапен, претставник на непартискиот интернет сајт electiononline.org.

Десетици милиони граѓани веќе излегоа на гласање во 31 држава каде што е дозволено предвремено гласање поради отсуство на Денот на изборите. До вторник, се очекува околу 40 насто од гласачите веќе да ја имаат исполнето својата граѓанска должност.

Овие избори претендираат да се покажат како историски, без оглед на тоа кој кандидат ќе победи. Ако победи 72-годишниот Меккејн, тој ќе стане најстариот американски претседател кој го добил првиот мандат, додека Обама има изгледи да влезе во историјата како првиот афро-американски претседател.

На еден ден пред изборите, анкетите се уште му даваат значителна предност на Обама во однос на Меккејн.

Економската криза и растечката непопуларност на Буш, му помогнаа на Обама и неговата порака „за промена“ да се здобие со значителна предност во анкетите во последниот месец пред изборите, за разлика од август, кога беа во речиси мртва трка со Меккејн.

 

{loadposition content9}