Skip to main content

Адриано размислува да премине во Милан

Ако може да им се верува на италијанските весници, бразилскиот фудбалер на Интер, Адриано, размислува да го напушти клубот после конфликтите со тренерот Хосе Мурињо.

 |  Крсте Голабовски  | 
Adriano
Адриано
Ако може да им се верува на италијанските весници, бразилскиот фудбалер на Интер, Адриано, размислува да го напушти клубот после конфликтите со тренерот Хосе Мурињо.

Поради недисциплина Мурињо го прескокна Адриано на последните два натпревари, против Фиорентина и Реџина во А серијата.

Адриано сака да игра и доколку продолжи игнорирањето од страна на Мурињо, тој ќе премине во редовите на ривалот Милан.

AdrianoДоговорот на Адриано истекува во 2010-та година, а во Милан има голем број на пријатели од бразилската репрезентација, како Роналдињо, со кој излегува навечер.

Во Милан со раширени раце го чекаат Адриано, но прерано е да се каже дека овој трансвер воопшто и ќе се случи.

 

{loadposition content9}