Skip to main content

Марадона и официјално претставен

Диего Марадона официјално е представен како новиот селектор на аргентинската фудбалска репрезентација.

 |  Крсте Голабовски  | 
Diego Maradona
Диего Марадона
Диего Марадона официјално е представен како новиот селектор на аргентинската фудбалска репрезентација.

Марадона на новата функција ќе дебитира на 19-ти ноември на натпреварот против Шкотска, каде повторно ќе има можност да соработува со луѓето со кои ја освои светската титула во 1986 година во Мексико.

Diego Maradona„Да се биде тренер на националната репрезентација е голема чест за мене. Ќе дадам се да бидеме успешни. Ќе работиме секој ден со цел Аргентина да има што е можно подобра репрезентација.“ изјави Марадона.

Иако останува национален јунак за се она што го има направено на теренот, во Аргентина не веруваат дека ќе има успех и како тренер на репрезентацијата. Најдобриот петкратен играч на Јаужна Маерика, последниве неколку години често пати беше во конфликт со законот.

 

{loadposition content9}