Skip to main content

Милошоски – Оценката на ЕК не е сосема независна

Оценката на Европската комисија(ЕК) за напредокот на Македонија има одредени основи на техничко ниво, но сепак не е сосема независна од политичкото влијание и вкупната атмосфера која се случува внатре во ЕУ.

Antonio Milososki
Антонио Милошоски
Оценката на Европската комисија(ЕК) за напредокот на Македонија има одредени основи на техничко ниво, но сепак не е сосема независна од политичкото влијание и вкупната атмосфера која се случува внатре во ЕУ.

Ова, го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

„Македонија во овој момент не е ништо помалку подготвена за да започне преговори за членство во ЕУ, отколку што беа подготвени земјите кои станаа членки на Унијата пред пет или десет години“, смета Милошоски.

Тој додава дека одговорноста за недобивањето датум веќе четврта година не е само кај еден субјект.

liderska sredba„Сметам дека оценката се дава за македонската држава севкупно и за повеќе политички актери кои се вклучени во овој процес, како што е Владата , Собранието , како што е претседателот на државата, но истотака и претставниците на поширокиот круг одлучувачи, односно актери во внатрешната политика во Македонија , како што се релевантните политички партии“, вели Милошоски.

Според него, она што најмногу влијаело извештајот на Европската комисија уште еднаш да не ги исполни очекување, се инцидентите кои беа предизвикани на неколку избирачки места за време на предвремените парламентарни избори .

„Сметам дека за нив сериозна одговорност носат определени политичари кои раководеа со политичките партии чии активисти се дрзнаа да го злоупотребат изборниот процес“, нагласува Милошоски.

 

{loadposition content9}