Skip to main content

Емануел шеф на кабинетот во Белата куќа

Конгресменот Рам Емануел прифати да ја извршува должноста шеф на кабинетот во Белата куќа, во администрацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама.

 |  Крсте Голабовски  | 
Emanuel Ram
Емануел Рам
Конгресменот Рам Емануел прифати да ја извршува должноста шеф на кабинетот во Белата куќа, во администрацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама.

Веста која ја објави весникот Политико од Вашингтон, синоќа ја потврдија и американските електронски медиуми.

Неговото именување е првата важна кадровска одлука на Обама по надмоќната победа на претседателските избори во вторникот, а Емануел понудата ја разгледувал од средата.

Кругови блиски до Емануел наведуваат дека тој ја прифатил должноста да за биде дел од „историската администрација“ во Вашингтон, иако постоела можност да стане претседател на Претставничкиот дом на Конгресот.

Emanuel RamЕмануел (49) е две години постар од Обама и важи за политичар од центарот, со фајтерски политички стил, а му се припишуваат големи заслуги за демократското освојување на Конгресот на изборите во 2006.

Шефот на кабинетот на претседателот на САД или „Шеф“ како што го нарекува персоналот во Белата куќа се смета за втора најмоќна личност во Вашингтон.

 

{loadposition content9}