Skip to main content

Ураганот Палома се приближува кон Кајманските Острови и Куб

Ураганот Палома, кој се движи кон Кајманските Острови и Куба, достигна трета категорија според Сафир-Симпсоновата скала, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

 |  Крсте Голабовски  | 
uragan Paloma
ураган Палома
Ураганот Палома, кој се движи кон Кајманските Острови и Куба, достигна трета категорија според Сафир-Симпсоновата скала, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Според Центарот, ветерот во жариштето на ураганот дува со брзина од 185 километри на час. Ураганот се движи кон запад со брзина од девет километри на час.

uragan PalomaВластите на Куба веќе прогласија вонредна состојба во централните и источните делови на земјата и започнаа со подготовка на собрни центри за евекуација на населението.

Палома е третиот ураган што се очекува да ја погоди Куба во последниве два месеци.

 

{loadposition content9}