Skip to main content

Ј.П. Комуналец има проблем со подигање на медицинскиот отпад

Засега проблем прават помалите приватни ординации. Владата пак донела одлука  медицинскиот отпад да го согорува и да го претвора во електрична енергија.

 |  Валентина Нелоска  | 
medicinski otpad
медицински отпад
Засега проблем прават помалите приватни ординации. Владата пак донела одлука  медицинскиот отпад да го согорува и да го претвора во електрична енергија.

Помалите медицински установи не го почитуваат правилото да го  селектираат медицинскиот отпад, се жали директорот на Јавно претпријатие „Комуналец“ ,  Боро Павлоски. Тоа не е случај пак со поголемите болнички центри како што се  Општа болница, Здравствен дом „ Маларична “ и Костозглобна вели Павлоски.

Bujar OsmaniМинистерот за здравство Бујар Османи   кажува дека одлагањето на медицинскиот отпад е под строга контрола. Неодамна Владата одлучила да извлече корист од овој вид на отпад.

Неселектирањето на медицинскиот отпад преставува сериозен проблем за загадување на животнаат средина, а  трајно ќе се реши само со изградба на 6 –те регионални депонии. Нивната изградба во 2009 година  ја најави неодамна и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова.

 

{loadposition content9}