Skip to main content

Петрески, Мерко и Којчиноски му се пожалија на Фуере

Тие денес разговараа околу проблемите со управувањето со отпадот. Градоначалниците бараат гржавата под итно да одреди локација за изградба на регионална депонија.

 

 |  Лионела Јаковлева  | 
Ramiz Merko i Aleksandar Petreski
Рамиз Мерко и Александар Петрески
Тие денес разговараа околу проблемите со управувањето со отпадот. Градоначалниците бараат гржавата под итно да одреди локација за изградба на регионална депонија.

Градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца и Евроамбасадорот Ерван Фуере седнаа на заедничка маса да разговараат за управувањето со општинскиот отпад. Со Законот за јавна чистота општините се  обврзани да ги исчистат дивите депонии, но првите луѓе на овие три општини се пожалија дека нема каде легално да го депонираат отпадот. Сеуште нема регуионална депонија.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко предочи дека општината купила земјиште на кое сака да изгради регионална депонија, но Министерството за екологија не дава одобрение за тоа. Тој вели дека има странски фирми кои би вложиле дури 300 милиони евра за изградба на три регионални депонии.

pravna ramkaЕвроамбасадорот оваа средба на градоначалниците ја отцени како многу позитивна. Тој рече дека заедно со неговите соработници во целост ќе им ги пренесе искуствата од европските земји во делот на управувањето со отпадот. Фуере нагласи дека ова е многу добар пример за меѓуопштинска соработка.

Останува отворено прашањето дали, кога и каде ќе се гради регионална депонија. Со тоа во голема мера ќе се решат проблемите на општините и на нивните јавни претпријатија околу управувањето со отпадот.

{loadposition content9}