Skip to main content

Бурна расправа предизвика јавната анкета за урбан блок 2, кај старото кино

Затворени пристапи до домовите, збиени станбени блокови, без паркинг простор и зелени површини се забелешките на граѓаните  од урбана блок 2 кај старото кино. На денешната јавна анкета, граѓаните кои живеат во строгиот центар на градот  бурно распарваа за прекумерната  градба.

 |  Валентина Нелоска  | 
U.E 2
У.Е 2
Затворени пристапи до домовите, збиени станбени блокови, без паркинг простор и зелени површини се забелешките на граѓаните  од урбана блок 2 кај старото кино. На денешната јавна анкета, граѓаните кои живеат во строгиот центар на градот  бурно распарваа за прекумерната  градба.

Љубомир Николиќ кој тука живее се жали дека кога го купил станот пред 10 –тина години му било ветено  дека ќе има паркинг простор, а сега вели не можеме да влеземе дома. Против е градење на нови станбени објекти.

rasprava U.E 2Бурната расправа предизвикана на  јавната  анкета за урбана блок 2 кај старото кино,ги изненади планерите.  

„Со измените на  нацрт планот се задржани постојните објекти, а се планирани мал број објкекти преземени од претходниот план“, вели дипломираниот архитект Лидија Андреева, планер.

Пред да планираме ги валоризираме објектите,го планираме просторот и ја почитуваме имотната состојба додава Андреева. По презентацијата незадоволните граѓани од планот имаат право да достават анкетни листови и валидна документација до Комисијата при Министерството за транспорт и врски.

 

{loadposition content9}