Skip to main content

Надал нема да игра во финалето на Дејвис купoт

Најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал, поради повреда нема да може да игра во финалето на Дејвис купот против Аргентина.

 |  Крсте Голабовски  | 
Davis cup
Дејвис куп
Најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал, поради повреда нема да може да игра во финалето на Дејвис купот против Аргентина.

Надал сериозно го повреди коленото, во четвртфиналето на мастерс турнирот на серијата во Париз, кога после првиот сет му го предаде мечот на русинот Николај Давиденко,а следниот ден го откажа и учеството на Мастерс турниорот во Шангај, со цел да се рехабилитира до почетокот на финалето на Дејвис купот.

Rafael NadalНаместо него на завршниот турнир, ќе игра деветтопласираниот од АТП листата французинот Жил Симон.

Така репрезентацијата на Шпанија во атакот на Дејвис купот ќе настапи без главниот адут. Финалниот натпревар на најзначајното екипно натпреварување ќе се игра од 21-23 Ноември во Мар дел Плата, кога Аргентина за прв пат ќе има можност да триумфира.

 

{loadposition content9}