Skip to main content

Тешко остварлив контакт помеѓу стружани и општинскиот совет

Официјалната веб страна на советот на О.Струга речиси и да не се користи. Тешко остварлив контакт помеѓу стружани и општинскиот совет.

 |  Билјана Ќосеска  | 
veb strana
веб страна
Официјалната веб страна на советот на О.Струга речиси и да не се користи.Тешко остварлив контакт помеѓу стружани и општинскиот совет.

И по една година од воведувањето на  новиот начин на комуникација,  електронскиот контакт речиси и да не функционира.  На граѓаните подобро им е да шетаат од канцеларија во канцеларија, од колку по електронски пат  да стапат во контакт со советниците. Дека не се применува современиот начин на контактирање на релација советници -граѓани, покажува фактичката ситуација на официјалната веб страна „Одговорност преку транспарентност“. Стружани речиси и воопшто не знаат дека постои полесен пристап до информациите за случувањата во советот.

Официјалната веб страна „Одговорност преку транспарентност“ речиси и воопшто да не е посетувана од страна на граѓаните. Од неколкуте дискусии последната била ажурирана претходниот месец.  На листата со  советниците вклучително  претседавачот, нема прашање од граѓаните упатено за нив.

veb strana„Лично кај мене не е пристигната ниту едно прашање од граѓаните, иако јас важам за еден од најактивните советници кои се залагаат за решавање на проблемите на граѓаните“-вели Беким Кица, советник во советот на о.Струга.

Кица, вината за минималната комуникација со граѓаните по електронски пат ја гледа во економската состојба во државата. Тој смета дека ситуацијата би била поинаква доколку,  во секој дом би имал по еден компјутер. На тој начин сите граѓани ќе можат повеќе внимание да посветат на работата на советот и администрацијата. На веб страната во архива стојат сите изминати седници, како и наредните предлог одлуки и секој има пристап до нив. Кица во име на своите колеги рече дека тие се избрани од граѓаните  имаат обврска да даваат отчет за нивната работа.
Струга е меѓу првите општини кои го воведоа овој современ начин на контактирање помеѓу советот а пред се со граѓаните.

 

{loadposition content9}