Skip to main content

ЕУ и Либија почнуваат преговори за рамковен договор

Европската унија и Либија денеска официјално почнуваат преговори за склучување рамковен договор, со цел да бидат зајакнати меѓусебните односи согласно преземените ангажмани при минатогодишното ослободување на шестмината бугарски лекари, кои беа затворени во северноафриканската држава повеќе од осум години.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gadafi
Гадафи
Европската унија и Либија денеска официјално почнуваат преговори за склучување рамковен договор, со цел да бидат зајакнати меѓусебните односи согласно преземените ангажмани при минатогодишното ослободување на шестмината бугарски лекари, кои беа затворени во северноафриканската држава повеќе од осум години.

ЕУ ќе ја претставува еврокомесарот за надворешни односи и европска политика за добрососедство Бенита Фереро-Валднер, додека либиската делегација ќе ја предводат двајцата заменици министри за надворешни работи, Абделати Обеиди, кој е одговорен за европски прашања, и Мохамед Тахар Сиала.

„Овој момент го очекуваме одамна“, изјави Фереро-Валднер.

Moamer GadafiТаа потсети дека Либија е последната земја од јужното крајбрежје на Средоземното Море, со која ЕУ нема никакви договорни спогодби и затоа Унијата планира да воспостави јасна и трајна правна рамка на односите со оваа држава.

Се очекува преговорите да траат најмалку една година, прогнозира Европската комисија. Спогодбата треда да се „заснова на фундаменталните принципи, како што се почитување на човековите права, демократијата, нераспространување на оружја за масовно уништување и придржување кон правилата за пазарна економија“.

Предвидено е со рамковниот договор да биде создадена зона за слободна трговија меѓу ЕУ и Либија и да биде зајакната соработката во приоритетните области за Унијата, како што се енергетиката и борбата против нелегалната имиграција.

 

{loadposition content9}