Skip to main content

Охрид-универзитетски центар

Градоначалникот  Алескандар Петрески бара во Охрид да се отвори  медицински , правен, еконономски, факултет за менаџмент и за технички науки.

 |  Лионела Јаковлева  | 
ФТОН
FTON
Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески бара Охрид да прерасне во универзитетски центар. Тој апелира до владата сериозно да го разгледа предлогот просторот кај касарната да прерасне во универзитетски кампус.

„Охрид е со најголем процент на завршени средношколци во земјава,меѓутоа поради економската состојба овдешните родители не се во состојба да ги испраќаат на студии во други градови“, вели Петрески.

KаneoТој сугерира во Охрид да се отворат факултети како медицинскиот, правниот, еконономскиот, факултетот за менаџмент и за технички науки.

Министерот за одбрана Зоран Конјановски, идејата на Петрески универзитетскиот центар да биде сместен во касарната ниту ја поздравува ниту ја критикува. Тој вели

„Има место за дијалог, но треба да се најде заеднички интерес и за државата и за локалната“.

 

{loadposition content9}