Skip to main content

Роналдо: „Најдобар сум на светот!“

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо изјави дека направи се што може за да ја освои „Златната топка“ и дека е најдобриот играч на светот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kristiano Ronaldo
Кристијано Роналдо
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо изјави дека направи се што може за да ја освои „Златната топка“ и дека е најдобриот играч на светот.

Португалската ѕвезда после феноменалната сезона во која со Јунајтед освои титула во Лигата на шампиони и Премиер лигата со постигнати 42 голови на сите натпревари, е главниот претендент за златната топка која ќе биде доделена наредниот месец. Роналдо изјави дека сака да освои награда, но дека оваа година ќе направи уште подобар резултат.

Krsitiano Ronaldo„Јас сум прв, втор и трет најдобар играч на светот. Но, тука се Кака, Меси и Фернандо Торес. Мислам дека направи се што е потребно за да победам и сакам да продолжам така. Мојата цел е да освојам се што можам“, изјави Роналдо.

 

{loadposition content9}